Top Sport

Бугарија со нов селектор ќе гостува во Скопје

Србинот Младен Крстајиќ е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Како што пренесува „MaxBet Sport“, договорот е потпишан и Крстајиќ од септември ќе почне да работи на клупата на бугарската фудбалска репрезентација. На новото работно место, Крстајиќ ќе дебитира на 23.септември против Гибралтар на домашен терен, а три дена подоцна Бугарија ќе гостува во Скопје.

Бугарите, по првите четири натпревари во Групата 4 освоија само три бода.

Младен Крстајиќ ја предводеше Србија на СП во Русија во 2018 година. Во клупскиот фудбал, работел во ТСЦ од Бачка Паланка и Макаби од Тел Авив.

Scroll to Top