Top Sport

Ивановски по голема борба ја мина првата пречка на јуниорскиот Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го мина првото коло на јуниорскиот Вимблдон. Ивановски со пресврт славеше над Британецот Лука Пау со 3/6, 6/4, 6/2. Мечот траеше еден час и 51 минута.

Клуче за победата на Ивановски беше финишот на вториот сет, во моментите кога противникот имаше предност 2:4. Ивановски потоа нанижа четири гема, го доби сетот, израмни на 1:1, а во решавачкиот сет ја заврши работата и се пласираше во втората рунда.

Таму ќе игра против Алесио Базиле од Белгија или Родриго Мендез Пачеко од Мексико.

Лани на јуниорскиот Вимблдон Ивановски дојде до третото коло.

Фото/alamy.com

Scroll to Top