Стефанос Циципас предизвика инцидент по завршувањето на вториот сет во мечот со Ник Кирјос. Откако направи грешка и го загуби сетот, Циципас бесно ја удри топката со бекхенд и ја испрати на трибините.
Не е јасно далитаа удри некого, се чини дека не, но доволно беше Кирјиос да скокне и да побара од судијата да го суспендира Гркот.
„Тоа е дисквалификација! Значи можеш да го удриш топчето на на трибините, некого да погодиш и да не добиеш дисквалификација? Дали некој треба да биде повреден? Ти си за срамота“, беснееше темпераментниот Австралиец.
Но не се смири, побара да дијде супервизорот, па го посочи примерот со дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ на Ју-ес опен во 2020 година.
„Викни друг супервизор, адвокат. Што се случи со Новак? Тој удри силно, таа беше повредена? О боже. Сакам друг супервизор. Не можеш да го удриш топчето во публиката, не можеш да удриш некого и да не бидеш дисквалификуван”.
Судијата не ја промени одлуката, се однесуваше како ништо да не се случило и натпреварот продолжи и покрај постојаните протести на Кирјиос.
??#Wimbledon pic.twitter.com/GrcodXoHCe
— Tennis Channel (@TennisChannel) July 2, 2022