Top Sport

Лапорта: Де Јонг ќе остане во Барселона

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, нема да може да ја повтори соработката со Френки де Јонг.

Јунајтед го сака Холанѓанецот, но фудбалерот неколку пати потенцираше дека сака да остане на „Ноу Камп“. 25-годишниот играч од средниот ред има силен договор со клубот до 2026 година.

Денеска на оваа тема зборуваше и Џоан Лапорта. Претседателот на клубот стави крај на оваа трансфер сага.

“Има клубови кои го сакаат, не само Јунајтед. Немаме намера да го продадеме, тој сака да остане. Френки го сметаат различни експерти за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот. Среќни сме што го имаме. Ќе направам се што е во моја моќ Френки да остане тука, но има проблем со платата што ќе треба да ја прилагодиме“, изјави Лапорта за шпанските медиуми.

Самиот Де Јонг во неколку наврати изјави дека е подготвен да ја намали платата за да му помогне на клубот.

Scroll to Top