Барселона го потпиша договор со првото засилување во летниот преоден рок, со фудбалерот потпиша договор до летото 2026 година и го заштити со клаузула за обесштетување во висина од 500 милиони евра. Франк Кеси од Милан, во среда ќе биде официјално претставен од клубот.Играчот од средниот ред ќе го носи дресот со број 19.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска стекна целосна афирмација во дресот на Милан, за кој настапуваше пет години, откако во 2017 година пристигна од Аталанта за сума од 32 милиони евра.
Тој привлече големо внимание од помоќните европски клубови, а според некои информации годишната плата на Кеси во Барселона ќе изнесува 6.500.000 евра.
Во Милан имал „само“ 2.200.000 евра…
Навивачите со нетрпение чекаат уште засилувања, многумина веруваат дека следен ќе биде Андреас Кристенсен од Челси, кој исто така е слободен играч.