Српската кошаркарска репрезентација доживеа шокантен 74:73 пораз од Белгија во последното коло од квалификациите за Светското првенство во 2023, откако вчера нивниот меч во Ниш беше прекинат откако снема струја и немаше доволно осветлување.
Тимот на Светислав Пешиќ имаше 71:58 водство, но го доживеа вториот пораз од малку ценетата белгиска репрезентација, откако гостите направија серија од 14:0 и поведоа со 72:71.
Во втората рунда на квалификациите, Србија ќе игра со далеку посилните репрезентации на Грција, Турција и Велика Британија, а влегуваат со 1-3 скор, по двата порази од Белгија и едниот од Летонија.
? The @belgianlions roar again! A dramatic #WinForBelgium ?? on the road completes the double over Serbia in the #FIBAWC European Qualifiers! pic.twitter.com/7ctdCrPqd0
— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) July 4, 2022