Top Sport

Лукас Моура: Стресот во Европа ме остави без коса!

Бразилското крило на Тотенхем, Лукас Моура вели дека притисокот кој го чувствува во европскиот фудбал придонел тој рано да остане со коса.

25-годишниот Моура, кој во јануари дојде од Пари Сен-Жермен во Тотенхем во обид да добие повеќе настапи во првиот тим во интервју за бразилската „ЕСПН“ призна дека повеќе мажи од неговото семејство се ќелави, но дека животот надвор од Бразил бил клучниот.

„Мојот татко, мојот брат, сите се ќелави. Но, Европа навистина ми го направи тоа. Сите во Бразил мислат дека да се живее во Европа е само илјада прекрасни работи, но постои и стресот и така ја губиш косата и нервите“, вели поранешниот фудбалер на Сао Пауло.

Scroll to Top