Иако Челси подолго време преговараше со Јувентус околу потенцијалниот трансфер на Матијс де Лихт, според германските медиуми, Баерн Минхен веќе ги договориле личните услови со холандскиот дефанзивец и сега се чека официјална понуда за 22-годишниот поранешен фудбалер на Ајакс.
Според „Спорт 1“, Баерн веќе се договорил со Де Лихт, кој немал желба да се префрли во Премиерлигата, сметајќи дека германскиот фудбал повеќе ќе му одговара.
Де Лихт ги извести Јувентус дека сака да замине од клубот, иако тие беа подготвени да му понудат продолжување на договорот. Бидејќи има долгогодишен договор со „бјанконерите“ тие би сакале речиси 100 милиони евра да го продадат.