Рома размислува за официјална понуда за напаѓачот на Кристал палас, Вилфрид Заха, по препорака на нивниот тренер Жозе Мурињо, кој има високо мислење за репрезентаативецот на Брегот на Слоновата Коска.
29-годишниот поранешен фубалер на Манчестер јунајтед, целосно ја препороди кариерата во Палас, останувајќи клучен играч под водство на Патрик Виера, и привлекувајќи интерес од повеќе премиерлигаши.
Според Фабрицио Романо, уште нема официјална понуда, но Мурињо е сигурен дека може да го убеди Заха да се пресели од Премиерлигата. Заха има договор со Палас до крајот на следната сезона.
AS Roma are considering to make a move for Wilfried Zaha. No official bid yet – but he’s really appreciated by club board and José Mourinho. ? #ASRoma
No discussions opened with Crystal Palace, still early stages – option now considered internally. @SkySport
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 8, 2022