Top Sport

Погачар со драматична победа на првиот планински тест на Тур де Франс покажа зошто е најдобар

Актуелниот шампион и носител на жолтата маичка, Словенецот Тадеј Погачар го совлада Јонес Вингегард во драматичен финиш на седмата етапа на Тур де Франс, прва со планински финиш, за да го зголемо воството во генерален пласман.

Двократниот актуелен шампион, Погачар, прво успеа да го „фати“ Ленард Камна, кој беше многу блиску до соло победа, пред во последните 20 метри да г победи Вингегард на врвот Ла Планш де Бел Фил, скијачки центар во источна Франција. Откако ја стартуваше етапата со 4 секунди предност пред Неилсон Паулес, сега тој има 35 секунди предност пред Вингегард. Герант Томас, победникот од ТдФ 2018 е на третото место со 1:10 заостанување.

Камна беше дел од групата од седум велосипедисти кои се одвоија пред планинскиот дел од етапата и останаа лидер во последните три километри пре да биде „фатен“. Етапата имаше искачување од 24%, a последниот дел се возеше на чакал, заддржувајќи го епитетот на една од најтешките етапи на француската класика. Токму тука, Погачар го совлада словенечкиот сонародник Примож Роглич на претпоследната етапа во 2020 година.

Scroll to Top