Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, очигледно немаат највисоко мислење еден за друг по тесната и драматична борба за титулата минатата сезона, и ова непријателско расположение се прошири и кај нивните фанови оваа сезона. Една недела откако на Британското ГП, навивачите на Хамилтон му свиркаа на Ферстапен додека даваше интервју, вчера на тренинзите за Австриското ГП, навивачите на Ферстапен се радуваа кога Хамилтон излета од патеката.
Ферстапен не беше импресиониран од однесувањето на неговите навивачи.
„Тие луѓе не се вистински Ф1 фанови. Не можат да уживаат во тоа што се случува сега, кога многу големи возачи се борат на секоја патека. Вистинска штета што не можат да го ценат тоа, бидејќи не се случува често во спортот. Нема често толку битки и ривалство. Затоа мислам дека тие луѓе не се љубители на овој спорт“, изјави Ферстапен.
Шефот на Мерцедес сака Ф1 фановите да се едуцираат по славењето на излетувањето на Хамилтон