Top Sport

Бразилецот Беневенуто е првиот ФИФА-рангиран судија кој откри дека е хомосексуалец

Бразилецот Игор Беневенуто стана првиот судија со ФИФА ранкинг во историјата, кој откри дека е хомосексуалец, велејќи дека е пресреќен што конечно може да биде искрен и тоа што е.

„Фудбалот беше спорт кој го мразев додека растев. Не можев да ја прифатам атмосферата, мачо-културата и сите предрасуди. Фудбалот е машка игра, а јас од рана возраст знаев дека сум геј. Да играм фудбал не беше долгорочна опција и затоа решив да станам судија. Имам 41 година, а 23 од тие години се посветени на фудблското судење. До денеска, не бев вистинскиот јас. Цел живот го жртвував да се заштитам од физичкото и емоционалното насилство на хомофобијата, а влегов во еден од најнепријателските спортови за хомосексуалецот“, изјави Беневенуто.

Тој доби поддршка од ФИФА.

„ФИФА го поддржува својот судија Игор Беневенуто за неговата одлука да ја признае сексуалноста. Како и во минатото, ФИФА постојно посочува дека фудбалот е за сите и ова е важен момент за бразилскиот и светски фудбал. Се надеваме дека оваа одлука ќе ги охрабри луѓети и ќе инспирира поголем диверзитет во нашиот прекрасен спорт“, се вели во реакцијата од ФИФА.

Scroll to Top