Top Sport

Партизан го договорил Данте Ексум

Австралискиот кошаркар Данте Ексум кариерата ќе ја продолжи во Партизан. Ексум е плејмејкер, но може да игра и на „двојка“ и „тројка“.

Во 2014 година, Ексум беше петти пик на НБА драфтот, бројните повреди го спречија да направи кариера каква што ју предвидуваа стручњаците.

Тој помина осум сезони во НБА и го носеше дресот на Јута и Кливленд.

Претходната сезона играше за Барселона, играше на завршниот турнир во Белград.

Ексум е второ засилување на Партизан, претходно во клубот се врати Данило Андушиќ.

Scroll to Top