Top Sport

Кирјос: Една дама во публиката изгледа како да испила 700 пијалоци

Ник Кирјос има свое шоу во финалето на Вимблдон. Австралиецот за противник го има шесткратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ.

Откако го загуби вториот сет, Австралиецот тргна со коментарите, во неколку наврати мораше да интервенира и судијата.

По четвртиот гем од третиот сет, тој му се пожали на судијата Рено Лихтенштајн дека една госпоѓа од трибините постојано му пречи додека сервира. Дури и опиша како таа изгледа.

„Постојано вика кога треба да сервирам, невозможна е! Изгледа како да испила 700 пијалоци“, грмеше Киргиос.

Scroll to Top