Кошаркарскиот клуб Црвена звезда покажува сериозен интерес за играчот на Асвел, Костас Адетокумбо, тврдат грчките мериуми. Интерес за братот на двократниот МВП на НБА лигата, Јанис Адетокумбо, покажува и Олимпијакос.
Претходната сезона Костас со Асвел ја освои титулата во Франција. Во текот на сезоната имаше просек од 4,3 поени и 2,2 скока за 11 минути на паркетот.
Во својата прва сезона во Евролигата беше малку подобар, со просек од 5,8 поени и 2,7 скока за 13 минути игра.
Адетокумбо беше избран на НБА драфтот во 2018 година од Филаделфија, во најсилната лига на светот дебитираше во дресот на Далас во сезоната 2018/19.
Беше дел од тимот на Лос Анџелес Лејкерс, кој во 2020 година беше во т.н. меур ја освои титулата.