Top Sport

Рафиња извиси, Барса ќе ја обнови соработката со Дембеле

Барселона и Усман Дембеле постигнале договор. Францускиот репрезентативец се согласил на помала плата и ќе остане на „Ноу Камп“. Ова значи дека нема да му се исполни желбата на Рафиња, кој го одби Челси само поради интересот што го за него го покажа Барселона.

Барселона не успеа да постигне договор со клубот на Рафиња, околу сумата и начинот на исплатата. Лидс одби да го продаде Рафиња, а парите Барса да ги исплати во три рати. Згора на тоа Барселона понуди околу 50 милиони евра, а Челси за Бразилецот се согласи да плати 60 милиони евра.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона го искористила Рафиња за да го убеди Дембеле да ја обнови соработката. Според овој медиум Рафиња никогаш и не бил приоритет.

Иако Дембеле ќе добива 40% помала плата од она што го имаше во претходниот договор, неговата плата ќе биде еднаква на платата на Ансу Фати.

Усман Дембеле игра за Барселона од 2017 година, откако беше трансфер од Борусија Дортмунд. Тогаш Барселона за францускиот играч плати 140 милиони евра.

Минатата сезона, Усман Дембеле постигна два гола и додаде 13 асистенции на 32 натпревари.

Scroll to Top