Американската тениска легенда Џон Мекинро ги нападна американските политичари кои му „попречуваат“ на Новак Ѓоковиќ да се натпреварува за гренд слем титулата на САД опен во Њујорк поради тоа што не е дозволен влез на невакцинирани во САД.
35-годишниот Србин и по триумфот на Вимблдон вчера повтори дека нема да може да се натпреварува на последниот календарски гренд слем бидејќи не планира да се вакцинира против КОВИД-19.
„Не сум вакциниран и не планирам, така што единствена добра вест која можам да ја добијам е да го тргнат тоа задолжение или да ми дадат исклучок“, изјави Ѓоковиќ, кој во јануари беше депортиран од Австралија поради истата причина по што не можеше да ја брани титулата од Австралија опен.
Мекинро вели дека политиката не треба да попречува на спортот.
„Овие политичари премногу пречат. Го направија тоа во Австралија. Пуштете го човекот да дојде и да игра во САД. Мислам, ајде, ова е веќе смешно. Какво и да е вашето мислење за тоа што треба властите да го направаат, за тенисот ова е лошо“, изјави Мекинро за „ЕСПН“.