Ѕвездата на Мемфис гризлис, Џа Морант е очигледно полн со самодоверба, откако храбро изјави дека во хипотетичка ситуација во која би се нашол на кошаркарскиот терен со Мајкл Џордан, целосно би го „посрамотил“ најдобриот.
Во интервју за „Бличер рипорт“, Морант вели дека би се заблагодарил на НБА легендата за тоа што инспирирал цела генерација на кошаркари, но сигурен е дека би го „сварил“ на теренот.
„Посакувам да играв во неговата генерација. Против него посебно. Ќе го посрамотев. Никој нема повеќе самодоверба од мене. Никогаш нема да кажам дека некој ќе ме победи еден-на-еден во било што. Не е важно што е, за кој спорт се работи. Кој е најдобар во фудбал? Меси? Ајде да играме“, вели Морант.