Top Sport

Стерлинг се прости со Манчестер сити: Дојдов како 20-годишник, си заминувам како маж

Рахим Стерлинг прати емотивно писмо до фановите на Манчестер сити пред неговиот трансфер од 50 милиони евра во Челси, велејќи дека си заминува од клубот како „маж“. Напаѓачот веќе отпатува во Лос Анџелес, каде што ќе се приклучи на новите соиграчи на летната турнеја.

Стерлинг ќе потпише петгодишен договор со Челси, кој ќе бие значително подобар од сегашниот со кој земаше 300.000 фунти неделно.

„Седум сезони. Единаесет големи трофеи. Цел живот сеќавања. До тренерскиот тим кој одигра голема улога во мојот развој, до моите соиграчи кои станаа нешто повеќе од луѓе со кои го делам теренот, до фановите кои постојано беа зад тимот, до сите кои се поврзани со Манчестер сити, мојот респект не може да биде поголем. Ова беше лудо патување. Пристигнав во Манчестер како 20-годишник. Денеска си заминувам како маж. Ви благодарам за бескрајната поддршка. Беше чест да се носи дресот на Манчестер сити“, пишува Стерлинг.

Стерлинг пристигна во Сити од Ливерпул за 44 милиони фунти и оттогаш постигна 131 голови, освојувајќи четири титули од Премиерлигата.

Scroll to Top