Рома стигна до 2:0 победа над Сандерленд во првиот летен подготвителен меч во кој головите ги постигна Феликс Афена Гијан и Николо Ѕаниоло, херојот од победата во Конференциската лига, кој во последно време се поврзува со трансфер во Јувентус.
Ѕаниоло пропушти два тренинзи со „волчицата“ поради повреда, зголемувајќи ги шпекулациите во италијанските медиуми дека одбива да работи со тимот на Жозе Мурињо.
Сепак, Португалецот му даде шанса во второто полувреме и тој одговори прво со удар во пречкта, пред Афена Гијан да го отвори резултатот. Ѕаниоло зголеми на 2:0 на помалку од 10 минути пред крајот на мечот, но, зачудувачки не го прославуваше голот.