Top Sport

Реал Мадрид склучи партнерство со БМВ

Реал Мадрид ја официјализираа соработката со германскиот автомобилски гигант БМВ, кој ќе го замени Ауди како автомобилски партнер на „кралевите“.

Потпишувањето беше оддржано на церемонија во седиштето на Реал Мадрид од претседателот Флорентино Перез и Мануел Тероба, претседателот на БМВ групацијата за Шпанија и Португалија. БМВ е третиот главен спонзор на Реал по „Флај Емиратс“ и „Адидас“.

„Реал Мадрид не само што е водечка спортска институција, туку е и компанија во постојан развој, која постојано бара исклучителни перформанси преку талент, квалитет и лидерство“, велат од БМВ.

Scroll to Top