Top Sport

Барса и Јунајтед се договорија, Де Јонг го блокира трансферот и си ги бара неисплатените пари

Барселона и Манчестер јунајтед се согласиле за трансферот на Френки де Јонг, за кој англискиот премиерлигаш ќе плати 72 милиони фунти, но договорот во моментов е блокиран од самиот холандски фудбалер околу неговите несогласувања за неисплатените плати во Каталонија, тврдат шпанските медиуми.

Шефовите во Барселона му порачале на Де Јонг дека мора да добие драстично намалување на платата од 5 милиони фунти, или да се согласи на трансфер поради финансиските проблеми, а каталонскиот „Спорт“ додава дека тие му должат над 15 милиони евра во неисплатени плати, што останува како најголем проблем за комплетирањето на трансферот.

Де Јонг, исто така нема желба да замине од Барселона, иако Чави Ернандез донесе повеќе засилувања со кои неговото место во првиот тим веќе не е гарантирано. Доколку не ги решат проблемите со платите, Барселона нема да може да ги регистрира своите нови засилувања, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, како и најавениот трансфер на Рафиња од Лидс.

Барса имаа сличен проблем и минатото лето, кога за да ги регистрираат Мемфис Депај, Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, мораа да ги скратат платите на своите први ѕвезди. Без да замине Де Јонг, кој е еден од најплатените во тимот, не е јасно како Барселона ќе може да ги регистрира своите засилувања.

Scroll to Top