Арсенал и Манчестер Сити ја продолжуваат трансферната активност ова лето. После Габриел Жесус, на „Емирејтс“ ќе заврши и украинскиот интернацоиналец Олександр Зинченко.
Неговата преселба, како што најавуваат медиумите на Островот, треба да се случи до крајот на следната седмица.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, веќе дал зелено светло за продажба на Украинецот, а Арсенал за него е подготвен да плати околу 35 милиони фунти.
Зинченко сака да замине во Арсенал во потрага по поголема минутажа со оглед дека минатата сезона одигра само 15 натпревари во Премиер – лигата.