Данскиот велосипедист Мадс Педерсен е победник на 13. етапа на Тур де Франс, од Бург Д’Озан до Сент Етјен. Делницата долга 192,6 километри ја помина за четири часа, 13 минути и три секунди.
Британецот Фред Рајт беше втор, додека Канаѓанецот Уго Ула ја мина целта на третото место.
Водечката позиција во генералниот поредок ја задржа Данецот Јонас Вингегард, со предност од 2,22 минути пред второпласираниот Словенец Тадеј Погачар.
На третото место е Британецот Герајнт Томас со 2,26 минути заостанување зад лидерот.
Утре се вози 14.етапа долга 192,5 километри од Сент Етјен до Менд.
? A slow motion look at @Mads__Pedersen breakaway win!
? Admirez le sprint surpuissant de @Mads__Pedersen au ralenti !#TDF2022 pic.twitter.com/kChrGGIit7
— Tour de France™ (@LeTour) July 15, 2022