Дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, Милосав Радисављевиќ, бил најден врзан за бетонски столб во местото Љиг, во западна Србија. Според српските медиуми ставува збор за киднапирање, а полицијата работи на расветлување на овој случај.
Претседателот на општината Љиг, Драган Лазаревиќ, рекол дека дедото на Јелена Ѓоковиќ бил пронајден од случаен минувач, кој слушнал како некој вика и бара помош.
„Неколку пати ја контактиравме неговата ќерка, Вера Митиќ, тештата на Новак, која се наоѓа во Монте Карло и која не информираше дека нејзниот брат добил неколку пораки со барање за откуп во износ од два милиони евра“, рекол Лазаревиќ.