Top Sport

Христов назначен за директор на младинските категории на Вардар

За нов директор на младинските категории во фудбалскиот клуб Вардар е назначен Борче Христов, поранешен играч и тренер во академијата на Вардар.

Христов во својата богата кариера бил дел од неколку клубови во Македонија, три години тренер во Карабаг во Азербејџан и четири години спортски директор на академијата на овој клуб.

Христов е професор во центарот за едукација на тренери при ФФМ.

Вардаровата школа од секогаш била извор на најдобрите таленти во Македонија и со ангажирањето на искусен и квалитетен фудбалски работник како Борче Христов нашиот клуб покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи.

Извор/ facebook.com/FKVardarSkopje

Scroll to Top