Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, повторно беше стрелец за Удинезе. Екипата на Несторовски одигра пријателски натпревар со членот на Бундеслигата, Унион Берлин.
Удинезе и Убион Берлин одиграа ефикасен натпревар, кој заврши без победник 3:3. Два од трите гола за Удинезе постигна Несторовски.
Македонецот на теренот влезе во 15.минута, кога го замени повредениот Деулофеу. Првиот Несторовски го постигна во 26. минута, а вториот во 43. минута од натпреварот.