Top Sport

Фред Керли е новиот светски првак на 100 метри

Фред Керли е новиот светски шампион на 100 метри за мажи. 27-годишниот Американец покажа дека ја донел вистинската одлука да се префрли од дисциплината 400 метри на 100 метри и го освои златниот медал пред домашната публика во Јуџин, Орегон со време од 9,86 секунди.

Керли беше бронзен медал на 400 метри на претходниот планетарен шампионат во Доха во 2019 година, а освои сребро на 100 метри на минатогодишните Олимписки игри во Токио.

Доминацијата на САД во ова финале, во кое настапија вкупно четворица домаќини, беше потврдена откако и другите двајца медалисти беа Американци.

Среброто го освои Марвин Брејси со време од 9,88 секунди, а тој за гради беше подобар од Трејвон Бромел, кој со исто време заврши на третото место.

Scroll to Top