Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили уште еднаш остро ги отфрли обвинувањата дека местел натпревари.
Германската телевизија ЗДФ пред неколку дена објави дека Басилашвили и Русинот Аслан Карацев во соработка со нивниот заеднички тренер, Јахор Јачик, наводно учествувале во местење натпревари.
Во извештајот се тврди дека Јацик е „мозокот на операцијата“, која трае од 2013 година и дека Басилашвили постојано местел мечеви. Грузискиот тенисер веќе демантираше, а сега повторно го направи истото.
„Обвинувањата се неосновани и јас ги отфрлам на најсилен можен начин. Нема да дозволам да го уништите моето име и углед поради неосновани и апсурдни обвинувања“, рекол Грузиецот.
Басилашвили моментално е 25. на АТП листата, а на Вимблдон стигна до третото коло каде беше поразен од Холанѓанецот Тим ван Ријтовен. Неговиот најголем успех на Грен слем турнирите е пласманот во осминафиналето на УС Опен во 2018 година.
„Поради сето горенаведено барам веднаш да престанат да се шират вакви обвинувања и лаги, а јавноста преку медиумите да биде информирана дека целосно ги демантирам овие апсурдни обвинувања“, подвлече освојувачот на пет АТП титули.