Top Sport

Хрватите објавија: Фудбалерите на Шкупи „дремнале“ во Мекдоналдс на враќање од Гибралтар

Македонскиот првак Шкупи утревечер ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а во пресрет на мечот хрватските медиуми објавија видео-сторија како тимот од Чаир се враќал од патувањето во Гибралтар.

„Поневеројатно од поразот на Шкупи (2-0) од Лонколн во Гибралтар звучат и информациите дека играчите на македонскиот шампион по натпреварот во Гибралтар осум часа престојуваа на плажа, а следната дестинација им била Виена, каде стигнаа со редовна линија од Малага. Клубот штедел на трошоци за сместување, и во Виена тимот кој го води Гоце Седлоски не бил сместен во хотел или некое друго слично сместување, туку играчите спиеле во ‘МекДоналдс’. Таму минале десет часа, а видео запис од таа несекојдневна глетка осамна и на социјалните мрежи. Потоа од Виена со авион до Белград, за патешествието да продолжи со автобус од Белград до Скопје. Навистина чудна организација на патување, посебно ако се знае дека УЕФА и тоа како финансиски го наградува учеството во европските натпреварувања. Вкупно Седлоски и неговите играчи на пат минале два дена, што е зачудувачки за шампион на една европска земја“, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Шкупи вечерва ќе тренира на „Максимир“, во пресрет на утрешниот прв натпревар со Динамо Загреб.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');