Барселона за Левандовски плати 50 милиони евра, со што заврши една од најголемите трансфер-саги ова лето. Полјакот веднаш им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во САД.
Полјакот го напушти Баерн по осум години во кои ги достигна највисоките фудбалски височини. Левандосвки потпиша тригодишен договор со Каталонците со опција за продолжување на договорот за уште една година.
За трансферот зборуваше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
„Мораме да му бидеме благодарни на Роберт, со оглед на тоа што ја прифати нашата понуда, која беше значително послаба од онаа на Челзи и она што го нудеше ПСЖ. Во исто време го принуди Баерн да го пушти во Барселона“, изјави Лапорта, кој исто така додаде:
„Левандовски е како митралез за голови. Добивме врвен голгетер“.