Top Sport

Динамо ќе го пречека Шкупи – Неизвесен е настапот на Ристовски

Динамо вечерва од 21 часот, во Загреб ќе го пречека македонскиот шампион Шкупи, во првиот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Хрватските медиуми пишуваат дека во тимот на Динамо, под знак прашалник за овој натпревар е Стефан Ристовски.

Десниот вбек се повредил минатиот викенд на натпреварот против Локомотива. Доколку Ристовски не настапи на неговото место ќе игра Иранецот Мохарами.

Вториот македонски репрезентативец од Динамо, Аријан Адеми, ќе го предводи тимот против Шкупи.

Scroll to Top