Дали Луис Суарез, како слободен играч, ќе се врати во клубот од детството?
На Твитер започна акција наречена „#SuarezANacional“. Овој „хаштаг“ досега се појавил на дури 50 милиони профили.
Во Национал се пофалија со поддршката од целиот свет, информираат дека 35 милиони корисници оваа социјална мрежа од 35 различни земји ја испратиле својата поддршка до уругвајскиот клуб за да го потпишат искусниот напаѓач.
На „Твитер“, веќе на големо кружи фотомонтажа на Суарез во белиот дрес на Национал.
Amazing. More than 50 million accounts have tweeted the hashtag #SuarezANacional ??, making it a historic worldwide trend pic.twitter.com/DX2tr61t5w
— Uruguay Football ENG (@UruguayFootENG) July 18, 2022
Суарез играше за Национал во сезоната 2005-2006, кога постигна десет гола на 27 натпревари.
Тој ова лето стана слободен играч, откако по две сезони го напушти Атлетико, а се шпекулираше дека би можел да потпише за Ривер плејт.
Заедно со Пењарол, Национал е уругвајскиот клуб со најмногу трофеи, 48 пати биле државни прваци, три пати го освоиле Копа Либертадорес.