Top Sport

Македонија во четврт-финале на ЕП, младинците ја урнаа Грузија

Македонската младинска кошаркарска репрезентација се пласираше во четврт-финалето на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Тбилиси. Во последниот натпревар од групната фаза нашите кошаркарски надежи со победата над директниот ривал за второто место, Грузија, се пласираа во четврт-финалето на турнирот.

Во клучниот натпревар младите македонски кошаркари славеа над домаќинот со 76:73. Лошо ги одиграа првите десет минути и Грузиците имаа 29:20 по воведната четвртина.

Но, потоа ситуацијата драстично се промени, особено во второто полувреме, нашиот тим ги доби сите преостанати четвртини и обезбеди место меѓу осумте најдобри на шампионатот.

Андреј Андоновски и Лука Савичевиќ со по 14 поени беа најпрецизни, двоцифрени беа уште Марин Петков со 13 и Гоце Петрушевски со 10 кошеви.

Младинците во четврт-финалето патуваат со три победи и еден пораз. Покрај Грузија, совладани беа уште Косово и Австрија, додека пораз доживеавме од лидерот Шведска.

Наш нареден ривал ни е селекцијата на Естонија која имаше максимални 4 од 4 во групата А.

Scroll to Top