Top Sport

Шкендија оди на добар резултат во Рига најавуваат Шаќири и Хасани

Шкендија утре против Валмиера во Рига ќе влезе во двомечот од второто коло во квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Воведниот натпревар на гостински терен е поволна ситуација за Шкендија сметаат и тренерот Артим Шаќири и капитенот Ферхан Хасани. Очекуваат поволен исход утре и потоа заверка на пласманот во следната рунда на домашен терен.

„Овој натпревар е многу важен за нас. Тимот на Валмиера е можеби непознат противник, но добро го анализиравме. Ќе дадеме се од себе да го извлечеме максимумот и да извлечеме позитивен резултат, бидејќи овие натпревари се квалификациски и имаат своја вредност. Тимот сигурно ќе го даде максимумот и ќе ги извршува задачите дадени од стручниот штаб“ – рече на прес конференцијата во пресрет на мечот, Артим Шакири.

„Утрешниот натпревар ќе биде сосема поинаков од првото коло. Ако го одиграме натпреварот како што одигравме на последните два натпревари против ФК Арарат, верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Во наша корист е првиот меч да се игра овде во Летонија, бидејќи во реваншот ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Заедно со навивачите верувам дека ќе обезбедиме пласман во следната рунда. Целиот тим е мотивиран за утрешниот натпревар и со максимално залагање од сите се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат и потоа ќе го чекаме реваншот во Скопје“ – смета капитенот Хасани.

Scroll to Top