Колку и да се обидуваат Американците едноставно не го разбираат фудбалот, односно според нивно „сокерот“.
Ова најдобро се забележува на примерот на американскиот актер Нил Патрик Херис (познат по својата улога во „Како ја запознав вашата мајка“) и неговото прво присуство на еден фудбалски меч во средата.
Заедно со својот син тој беше на трибините на „Метлајф арената“ облечен во дрес на Манчестер сити, и одеднаш почна да пее за Манчестер јунајтед. Грешка која би го чинела скапо во Англија.
Neil Patrick Harris wearing a City shirt at a City game and says “Go Manchester United!” ? #mufc pic.twitter.com/RTZja4HlDL
— United Xtra (@utdxtra) July 26, 2018