Top Sport

Кралсен одби да ја брани титулата

Магнус Карлсен одби да игра против Јан Непомњашчиј за титулата најдобар шахист во светот.

Рускиот шахист Јан Непомњашчиј изјави дека е многу разочаран од одлуката на актуелниот светски шампион на Норвешка, Магнус Карлсен, да одбие да игра против него за светската титула.

Карлсен во средата објави дека не сака да игра со Непомњашчиј, кој го освои турнирот во Мадрид претходно овој месец за да го добие правото да го предизвика шампионот во 2023 година.

„Лично, ова го сметам за многу разочарувачки и тажно. Можеби се чувствуваше како заложник на целата ситуација што не опкружува“, рече Непомњашчиј.

Карлсен стана светски шампион во 2013 година и оттогаш четири пати ја бранеше титулата. Последен пат беше против Непомњашчиј во 2021 година.

Карлсен изјави дека едноставно не сака да ја брани титулата. Норвежанецот остана на најавата дека нема да ја брани титулата доколку во Мадрид не победи најдобриот јуниор на светот, Али Реза Фируџа.

Првиот човек на Меѓународната шаховска федерација (ФИДА), Аркадиј Дворкович изјави дека Карлсен официјално не се пензионирал, но дека неговата позиција ќе биде почитувана.

Напомњашчиј на тој начин ќе игра за титулата светски првак со второпласираниот кандидат од турнирот за кандидати, Кинезот Динг Лирен, а светот ќе добие нов шаховски владетел.

Scroll to Top