Луис Хамилтон ќе го пропушти првиот тренинг за Големата награда на Франција поради малку познато правило. Седумкратниот шампион на првиот тренинг на патеката „Пол Рикар“ ќе биде само набљудувач.
Неговиот настап е спречен со правило кое не им е многу познато на површните следбеници на овој спорт.
Имено, за сезоната 2022 година, сите десет екипи мора да му дадат две можности на млад возач, на првиот тренинг пред една од трките.
Овој пат возачот кој ги исполнува критериумите за дебитант е шампионот во Формула 2 од 2019 година и шампионот во Формула Е од 2020/2021 година, Ник де Врис, кој ќе го замени Хамилтон во Мерцедес на првиот петочен тренинг.
„Во текот на сезоната, секој возач е должен да се откаже од еден од првите тренинзи во корист на млад возач. Луис избра тоа да го направи во Франција, а Џорџ Расел ќе го направи тоа подоцна во сезоната“, соопштија од Мерцедес.
„Едвај чекаме да видиме како ќе се снајде“, додаде шефот на германскиот тим Тото Волф.
This weekend @nyckdevries will be taking the wheel of W13 for FP1. ?
Lewis has chosen this weekend to fulfil the first of two young driver sessions required by all teams this season. George has selected one later in the year. pic.twitter.com/aNimIvCClU
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) July 20, 2022
Инаку, Де Врис веќе ја почувствува Ф1 на почетокот на годината, кога возеше за Вилијамс на првиот тренинг на Шпанското ГП.
Холанѓанецот тогаш успеа да има подобро време од вториот возач на Вилијамс, Николас Латифи.
Првиот тренинг на „Пол Рикар“ е во петок од 14 часот, вториот тренинг е истиот ден од 17 часот, а третиот во сабота од 13 часот.
Квалификациите се во сабота од 16 часот, а 12. трка од овогодинешниот Ф1 шампионат е закажана за в недела во 15 часот.