Top Sport

Големата четворка ќе игра на Лејвер купот

Големата четворка на светскиот тенис: Нова Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј ќе настапат за „Тим Европа“, на Лејвер купот. Ова натпреварување започна на иницијатива на Роџер Федерер.

Ѓоковиќ е последниот кој го потврди учеството. Лејвер купот ќе се одржи во „О2“ арена, во Лондон, од 23. до 25. септември.

Големата четворка, вкупно има 66 Грен слем трофеи (Надал 22, Ѓоковиќ 21, Федерер 20, Мари 3). Од 2003 година до денес еден од овие четворица го освојувал најпрестижниот турни во светот на тенисот, Вимблдон.
“Не можев ни да замислам да имам четири икони на нашиот спорт во еден тим. Знам дека ја разбираат важноста на овој момент и ќе бидат подготвени. Секоја година нашата цел е да победиме. Со нив… ми се допаѓаат нашите шанси, изјавил е капитенот на „Тим Европа“, легендарниот Бјорн Борг.

Тимот на Европа никогаш не загубил на Лејвер купот, победи во Прага 2017, Чикаго 2018, Женева 2019 и Бостон 2021 година.

Последните двајца учесници на Тим Европа сè уште не се непознати. „Тимот на Светот“, кој ќе го предводи Џон Мекинро моментално го сочинуваат Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, Американецот Тејлор Фриц и Аргентинецот Диего Шварцман.

Scroll to Top