Top Sport

Садио Мане е најдобар африкански фудбалер

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.

Новиот играч на Баерн Минхен истото признание го доби пред три години, а овогодинешната награда ја заслужи со одличните настапи во Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал.

Со Сенегал го освои и африканскиот шампионат, прв во историјата за таа земја, а Мане го реализираше последниот пенал во финалето против Египет. Со Ливерпул го освои второто место во Премиер лигата и играше во финалето во Лигата на шампионите.

На Светското првенство во Катар ќе се натпреварува и Сенегал.

Второто место во изборот му припадна на Мохамед Салах, а на третото на сонародникот на Мане, голманот на Челси, Едуард Менди.

Scroll to Top