Манчестер Јунајтед одигра 2:2 против Астон Вила на претсезонскиот натпревар од турнејата во Австралија. Тимот на Ерик тен Хаг имаше предност од два гола по првиот дел, но во второто полувреме испушти триумф во последните мигови.
Јунајтед поведе со голот на Џејдон Санчо во 25.минута. Пред крајот на првиот дел Мети Кеш си постигна автогол за удвојување на предноста на „црвените ѓаволи“.
Леон Бејли во 49.минута го намали резултатот, а во последните моменти Астон Вила израмни со голот на Калум Чемберс.