Top Sport

Машката штафета на САД и женската на Јамајка останаа без златните медали

Фаворитите во штафетните трки на 4×100 метри во машка (САД) и женска (Јамајка) конкуренција не успеаја да триумфираат на Светското првенство во Јуџин.

Машката штафета на Канада предводена од Андре Де Грас, ги изненади домаќините. Канада во состав Арон Браун, Џером Блејк , Брендон Родни и Де Грас победи со резултат 37.48 секунди. Канада беше седум десетинки побрза од САД. За Американците трчаа Кристијан Колман, Ноа Лајлс, Илајџа Хол и Брејси.

Бронзениот медал го освои Велика Британија со време од 37. 83, а трчаа Џона Ефолоко, Џарнел Хјуз, Натаниел Мичел-Блејк и Рис Прескод.

Кај дамите големо изненадување приредија Американките. Тие успеаја да ја победат Јамајка за четири стотинки. Мелиса Џеферсон, Аби Стајнер, Џена Прандини и Тваниша Тери го истрчаа третото најбрзо време во историјата (41.14).

За Јамајка трчаа Кемба Нелсон, Елејн Томпсон, Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон.

Бронзата им припадна на Германките Татјана Пинто, Александра Бургарт, Џине Ликенкемпер и Ребека Хасе, а потоа следуваат Нигерија, Шпанија, Велика Британија, Швајцарија и Италија.

Scroll to Top