Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја искористи конференцијата пред пријателскиот натпревар со Баерн за да го коментира заминувањето на Роберт Левандовски од Минхен.
Полскиот напаѓач ја засили Барселона, а шпанскиот стручњак и поранешен тренер на Баварците смета дека тој не бил „срцето на тимот“.
„Лева беше важен играч, но не беше срцето на Баерн. Срцето се Ману, Џо и Томас“, рече Гвардиола алудирајќи на Нојер, Кимих и Милер, по што додаде:
“Сите фудбалери сакаат да доаѓаат во клубови како Реал, Барселона и Баерн. Останатите треба да платат повеќе”.
Во споменатиот натпревар Сити победи со минимален резултат, а единствен стрелец беше Ерлинг Халанд на дебито во дресот на „граѓаните“. Норвешкиот напаѓач извесно време се споменуваше како замена за Левандовски.
Гвардиола истакна дека не планира да се врати во Баерн бидејќи, како што рече, Баварците имаат млад и добар стручњак за кого платија големо обесштетување.
Шпанецот работеше во Баерн од 2013 до 2016 година и освои три првенствени титули и две титули во Купот на Германија, но сепак не ги исполни очекувањата на челниците бидејќи неговата главна цел беше да ја освои Лигата на шампионите.