Јувентус ги заврши големите зделки ова лето. Во Торино го дочекаа долгоочекуваното враќање на Пол Погба, од Париз пристигна искусниот Анхел Ди Марија, а одбраната ја засили играчот на Торино, Бразилецот Бремер.
Погба и Ди Марија дојдоа во Јувенут како слободни играчи, додека за бразилскиот стопер Бремер, клубот издвои 41.000.000 евра. Покрај нив за отштета од 8.500.000 евра пристигна и младиот Андреа Камбијасо од Џенова.
„Црно-белите“ не планираат да застанат тука. Ним им треба уште еден стопер, првиот избор е играчот на Фиорентина Никола Миленковиќ. За него Јуве ќе треба да издвојат околу 15.000.000 евра.
Покрај Миленковиќ, се бара уште еден играч за врска. Тренерот, Макс Алегри, го сака Леонардо Паредес од Пари Сен Жермен. Парижаните бараат 20.000.000 евра, Јувентус во моментов нуди 15.000.000 со бонуси. Опција е и позајмица со задолжителен откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Последна „коцка“ во мозаикот на Алегри би требало да биде Алваро Мората, кој по двегодишна позајмица се врати во Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ не сакаат повторно да го испратат во Торино како свој играч, туку конечно да го продадат. Тоа би го направиле за околу 18.000.000 евра.