Претседателот на АТП, Андреа Гауденци, неодамна најави можност за збогатување на тенискиот календар со еден Мастерс на трева.
На таа подлога нема АТп турнири одсеријата 1000, бидејќи има многу мала разлика помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон, а со тоа и сезоната на трева е кратка.
Тој најави дека Мастерсот треба да се одржи во Германија, со оглед на тоа што пазарот е многу добар за тенис. Моментално се игра на трева во Штутгарт и Хале, овие турнири се од серијата 500, исто како турнирот во Квинс, Лондон.
Најголем проблем за да ја имплементира оваа идеа на гауденци му претставува пренатрупаниот календар.