Top Sport

Наполи ја одби првата понуда од Лондон за Зјелински

Вест Хем по комплетирањето на трансферот на Џанлука Скамака од Сасуоло, ќе се обиде да донесе уште еден играч од Серија А. „Чеканите“ во Неапол испратиле понуда за Пјотр Зјелински.

Денеска италијанските медиуми пренесуваат дека Вест Хем за Зјелински понудиле 25.000.000 евра со бонуси.

Газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ја одбил понудата. За 28-годишникот Де Лаурентис бара 35.000.000 евра.

Scroll to Top