Top Sport

Невил: Де Јонг треба да ја тужи Барселона за мобинг

Гери Невил е еден од најголемите критичари на сето она што Барселона го прави во последните месеци под раководство на новиот стар претседател Жоан Лапорта. Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед,смета дека Френки де Јонг треба да го тужи клубот за мобинг. Смета дека во врска со овој случај треба да реагира „ФИФпро“.

Официјалната каталонска верзија вели дека Барса моментално ги слуша понудите за холандскиот играч за врска, но не е задоволна од ниту една и ќе чека. Неофицијално и на Ноу Камп го убедуваат Де Јонг да започне преговори со Манчестер Јунајтед, бидејќи сакаат да заработат и во исто време, да се ослободат од неговата голема плата (16.000.000 евра), со што клубот би направил простор за регистрација на нови играчи.

Невил смета дека поради начинот на кој го третираат, играчот треба да размисли за тужба…

„Де Јонг треба да размисли за преземање правна постапка против Барселона. И сите играчи треба да застанат на негова страна. Клуб кој троши богатство за потпишување без да им плаќа на актуелните играчи и да бара од нив намалување на платата – тоа е неморално и прекршок. ФИФпро мора да реагира и спречи малтретирање од ваков тип“.

Невил минатата недела зборуваше и за начинот на кој работи Барселона.

“Тоа е очаен клуб со долг од над милијарда евра кој ги продава своите идни извори на приходи, а потоа ги троши парите на засилувања со надеж дека тие засилувања вредат за ризикот во кој што влегува клубот. Сега ви е јасно зошто Барселона ја сака Суперлигата“, заклучи Невил.

За потсетување, Каталонците досега потпишаа со Рафиња од Лидс, Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен и Франк Кеси.

Scroll to Top