Top Sport

Вечерва во Далас ќе биде договорен трансферот на Депај

Фудбалскиот клуб Јувентус не завршил со актвностите на трансфер пазарот. Тренерот Макс Алегри, бара тимот да донесе уште по еден играч во секоја линија од тимот.

Алегри бара напаѓач кој ќе му биде партнер на Душан Влаховиќ. Негов избор е Алваро Мората, меѓутоа клубот не успева да се договори со Атлетико Мадрид околу оштетат.

Поради тоа, Јувентус ја контактирале Барселона, во врска со Холанѓанецот Мемфис Депај.

Барселона и Јуве вечерва играат пријателски натпревар во Далас, а по натпреварот ќе одржат состанок и ќе разговараат за трансферот на Депај.

Во прилог на Јувентус оди и тоа што Барселона сака да го продаде Холанѓанецот, бидејќи Чави веќе има доволно напаѓачи на располагање за новата сезона. Наводно, Барселона ќе прифати околу 20.000.000 евра. Депај со Јувентус би потпишал тригодишен договор.

Каталонски „Спорт“, наведува дека трансферот најверојатно ќе биде комплетиран и официјализиран кога Јувентус ќе се врати од подготовките во Америка.

Scroll to Top