Top Sport

Хамилтон: Не правецот не можев да го стигнам Макс

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон призна дека и покрај огромниот напредок, болидот на Мерцедес сепак заостанува зад болидот на Ред Бул, особено кога станува збор за максималната брзина на правците.

Тоа јасно се виде по „рестартирањето“, по возењето зад безбедносното возило на траката за Големата награда на Франција, кога Луис беше веднаш зад Верстапен, но Холанѓанецот бргу успеа да му избега.

„Макс беше многу брз по рестартот, можев да останам зад него најмногу два круга, не повеќе“, објасни Хамилтон и дополни.

„Ставив полна гас на правецот, а тој продолжи да бега од мене. Тоа е нашата најголема слабост – не сме доволно брзи на правците, губиме меѓу три и четири десетинки и не можеме ништо да направиме“.

Второто и третото место на Хамилтон и Џорџ Расел во Франција е најдобриот вкупен резултат на тимот оваа сезона, иако Луис призна дека пред трката двајцата не сметале дека ќе бидат високо пласирани.

„Направивме голем чекор напред и се надевам дека ќе бидеме уште поблиску до најбрзите тимови во Будимпешта за да ја направиме трката уште поинтересна“, додаде Хамилтон.

Големата награда на Унгарија ќе се вози во недела.

Scroll to Top