Top Sport

Најдоцна до утре ќе биде решена судбината на Роналдо

Кристијано Роналдо се уште не решил дали кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, веројатно во наредните денови ќе биде донесена конечната одлука. Португалецот се врати во Манчестер, откако не отпатува со тимот на подготвителната турнеја. Тој од семејни причини остана во Португалија.

Цело лето се шпекулира за судбината на Роналдо, а медиумите во неколку наврати пишуваа дека тој сака да го напушти Јунајтед, но ниту еден тим со високи амбиции не сака да го доведе.

Како и да е, англискиот новинар Дејвид Орнштајн пренесува дека Роналдо, во текот на денот или најдоцна утре, ќе се сретне со челниците на Јунајтед.

Ќе се разговара дали Роналдо ќе остане дел од „ѓаволите“ и во новата сезона под палката на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Според Орнштајн, Јунајтед сака Роналдо да биде важен играч во тимот во новата сезона, но сосема е непознато кои се желбите на 37-годишниот Португалец.

Роналдо минатата сезона постигна 24 гола на 38 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top